Познатата убавица целосно скршена кога виде како изгледа по двојната мазектомија: „Тешко ми е, бев во целосен шок“

Добивај вести на Viber

Убавата американска актерка Оливија Ман (43) неодамна ѝ откри на јавноста дека се бори со рак на дојката. Како што сега откри во едно неодамнешно интервју за локалните медиуми, лекарите биле принудени хируршки да ѝ ги отстранат градите, што предизвикало предвремена менопауза.

Во емотивното интервју кое го даде за магазинот „Пипл“, Оливија Мун откри дека целиот процес бил многу тежок, како за неа, така и за нејзиното семејство.

View this post on Instagram

A post shared by (@oliviamunn)


- Не бев некој кој бил опседнат со смртта или на кој било начин се плашел од неа. Но, имањето мало бебе дома го направи сè тоа многу пострашно. Сфаќате дека на ракот не му е важно кој сте, не му е важно дали ќе имате бебе или ако немате време. Тој те напаѓа и немаш друг избор освен директно да се соочиш со него – изјави актерката.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)


Таа решила да му даде време на телото да се опорави од операцијата и ја одложила реконструктивната процедура. Меѓутоа, кога лекарите ги извадиле завоите за време на нејзиниот прв преглед по операцијата, таа била потресена.

- Се видов за прв пат и бев во шок. Беше неверојатно тешко. Кога дојдов дома, се соблеков и повторно се погледнав во огледало, бев целосно уништена. Многу ми е драго што добив шанса да се борам. Знам дека многу луѓе кои се нашле во иста ситуација не можеле да го направат тоа. Затоа сум многу благодарна – рекла Мун, а воедно се навратила на моментот кога се предомислила дали да ги отстрани градите.

View this post on Instagram

A post shared by (@oliviamunn)


- Имав неверојатни лекари, но понекогаш сè уште се преговараше што да правам. Но, мило ми е што го направив тоа. Сакам да си ја дадам најдобрата можност да ги задржам деловите од себе кои можам да ги задржам – заклучи актерката со солзи во очите.

Извор: zena.blic