СЕНЗУАЛНИ ИЛИ ПЕРВЕРЗНИ: Какви се хороскопските знаци во сексот?

Добивај вести на Viber

Овен

Претставниците на овој знак сакаат да ја почувствува енергијата на партнерот. Преферираат погруби односи. Ако сте вљубени во овен, не двоумете се веднаш да преминете од зборови на дела. Претставниците на овој знак се секогаш подготвени за експерименти, но пуштете ги да ги водат работите.

Бик

Веќе е познато дека се сензуални, сакаат нежен секс, а најдобра љубовна игра за нив е чаша вино, топло чоколадо или добар доручек. Важно за нив е да се одвива полека, без да се брза. Биковите се верни, додека партнерот не им се здосади. Не сакаат промискуитетни врски, затоа ставаат квалитет над квантитет.

Близнаци

Добриот разговор за нив е афродизијак. Ако не успеете да ги освоите со зборови, тогаш не се обидувајте со друго. Тие сакаат еротски приказни, авантуристички секс со костими и маски. Не ги менуваат партнерите лесно, но тешко се решаваат на врска со некого.

Рак

Личности кои лесно ќе ги освоите на нивна територија, на пример во нивниот дом. Направете им го омиленото јадење и не брзајте, бидејќи Раковите сакаат сè да се одвива бавно. За нив чувствата се позначајни од секс, но не може да се каже и дека се најверните знакови во хороскопот.

Лав

Сакаат луксуз и гламур. Одведете ги на убави места, може и во природа. Обожаваат пригушено светло. Разгалете ги, тие се кралеви меѓу животните. Не брзајте, бидејќи лавовите знаат точно што сакаат. Не вреди да ги убедувате во ништо. Сакаат да гледаат порно филмови, но ретко со партнерот. Сакаат да учат нови работи. Никогаш нема да останат во врска или брак без емоции.

Девица 

Тешко се опуштаат. За тоа им помага убавата долна облека. Девицата сака внимание, ситни гестови и убави моменти. Овој знак има потреба од внимание, таа е една од најверните знаци.

Вага 

Сакаат секс секој ден. Тие не можат да се воздржат, но и покрај тоа ги ставаат чувствата на прво место. Не ги интересира каде ќе водат љубов, најважно е да се почувствуваат посакувани.

Шкорпија

Еден од најпознатите перверзни знаци. Знае како да го привлече спротивниот пол, сака порно филмови и експериментирање со различни пози. На овој знак му е потребен добар љубовник.

Стрелец

Авантурист кој сака да проба сѐ. Знае дека тоа не може да се случи само со еден партнер, затоа сака да ги менува. Се труди да биде отворен кон сè. Ги сака слободата и сексот. Ако партнерот не го поддржува во тоа или нема доволно енергија, нема да остане долго во неговиот живот. За Стрелецот сексот е многу важен индикатор дали се во врската е во ред.

Јарец 

Може со часови да размислува за претстојната романтична вечер или за нови пози, но само ако сака. Ако не се труди, значи не чувствува ништо кон вас. Трпелив е. За секс со Јарец може да чекате долго, но кога тоа се случи, ќе дознаете дека чекањето вредело.

Водолија

Сака да истражува. Не сака да чека за секс, но никогаш нема да го притиска партнерот. Ако сакате секс во лифт, во автомобил, на плажа, Водолијата е за вас. Еротските филмови се нивен омилен жанр.

Риби

Чувствителни се. Сакаат нежни милувања со добра музика и чаша вино. Квалитетната храна е одличен афродизијак за нив. Сепак, лесно се досадуваат и губат интерес. Склони се кон паралелни врски, пред сè поради секс.