Северина ни даде одлична идеја што да облечеме за новогодишната ноќ: И уште 5 предлози за да заблескате на Нова година (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ако мораше да носиме само едно парче во декември, фустанот на Северина дефинитивно ќе ни беше прв избор.

Фустанот кој дефинитивно создава илузија на прв поглед, моментално е најпопуларниот „гол фустан“ по кој полудеа жените ширум светот.

Неговиот трик е што деловите со боја на кожа прават да изгледа како да не носите ништо.

На овој тренд не можеше да одолее ниту популарната пејачка Северина, која ја дели огромната страст за модата и ужива да ги следи трендовите.

Таа носеше црн коктел фустан на едно рамо, изработен од проѕирен материјал, а овој крој одлично ја истакнува секоја фигура.


Со оглед на тоа дека се работи за модел кој лесно може да се прилагоди на секој облик на тело и големина на фигура, т.е. модел кој навистина ѝ прилега на секоја жена, не е ни чудо што креацијата предизвика толку голем интерес.

Северина во својот плакар веќе има златна верзија на овој фустан кој го носеше на концерт.


На црвените килими видовме многу варијанти на разголени фустани кои дури и најблагите модни критичари ги прогласија за невкусни, но овој модел што го носеше Северина е вистински доказ дека разголениот фустан навистина не мора да ја премине границата на добриот вкус.

Фустанот на Северин е совршен за сите претстојни специјални прилики и празници кои претстојат. Со оглед на тоа дека се ближи Новата година, тоа значи само едно - време е нашата гардероба да изгледа блескаво и гламурозно, а ние ви пренесуваме уште 5 предлози за новогодишната прослава.

Фустан во црвена боја


Сако фустан


Слип фустан


Златен фустан


Фустан од сомот



извор:GLOSSY

Лежерно издание на принцезата од Велс: Оваа комбинација на Кејт секој може веднаш да ја ископира


Топ 5 начини да комбинирате чизми како Парижанка: Осмелете се да создадете стил по теркот на модните трендсетерки