Лежерно издание на принцезата од Велс: Оваа комбинација на Кејт секој може веднаш да ја ископира
На Кејт Мидлтон не ѝ е грижа за коментарите на принцот Хари и Меган Маркл, туку се смешка и поставува новогодишна елка и ги завршува подготовките околу празниците.
Додека целиот свет зборува за документарната серија „Хари и Меган“ и многуте сознанија кои војводата и војвотката од Сасекс ги откриваат, Кејт Мидлтон е при крај со последните подготовки празниците.
Се ќе биде во чест на покојната кралица Елизабета Втора.
Дали случајно ги објавија снимките од последните подготовки во пресрет на новите епизоди на документарната серија „Хари и Меган“, во овој момент е помалку важно.
Она што ни го привлече вниманието е лежерното издание на принцезата од Велс, на кое не сме навикнати.
Final touches ahead of the #TogetherAtChristmas Carol Service tomorrow pic.twitter.com/mixjI8d5TD
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) December 14, 2022
Во видеото, Кејт се гледа како ги прави последните подготовки пред концертот во Вестминстерската опатија, блескајќи додека ги поправа украсите на природната елка, додека божиќната музика свири во позадина.
Во склад со новогодишните и божиќните празници, Кејт носи пријатен зимски џемпер од Holland Coopler, кој веќе го носеше на почетокот на оваа година додека читаше приказни за добра ноќ во емисијата на BBC.
Таа со џемперот искомбинирала црни панталони со висок струк и на тој начин ни даде инспирација како да создадеме фантастичен зимски аутфит.
Го задржа својот елегантен, но лежерен изглед со нејзината препознатлива елегантна фризура која паѓа на нејзиниот грб.
Сè на сè, чиста десетка!
ФОТО: Инстаграм