Меган Маркл го обвини кралското семејство дека шири негативни приказни за неа: „Таа беше жртвено јагне за да сезаштитат другите членови на палатата“
Објавен е уште еден трејлер за серијата „Хари и Меган“, еден
ден пред емитувањето на преостанатите три епизоди од документарецот. Видеото го
носи најсилниот напад на британскиот двор.
Меган Маркл отворено го обвини кралското семејство дека шири негативни приказни за неа во медиумите, пишува Daily Mail.
Војвотката од Сасекс рече дека имало заговор да ја нападнат за да ги заштитат другите членови на палатата, додека нејзината британска адвокатка, Џени Афија, истакна дека се води војна против Меган поради снимките од Бакингемската палата.
„Гледате како тоа се одвива. Приказна за некој од семејството ќе се појави за секунда и тие ќе речат: „Тоа мора да исчезне“.
Меган, која во претходната најава за документарната серија рече дека е храна за волците, сугерираше дека кралските помошници ја користат за да го одвратат вниманието од негативните приказни за другите членови на семејството. Кога ќе исчезнаа несаканите приказни, насловните страници требаше да се полнат со нешто или приказна за некого.
Нејзината пријателка Луси Фрејзер рече: „Мег беше жртвеното јагне на палатата. И така тие ќе ги поддржат приказните за неа, без разлика дали се вистинити или не, за да избегнат тираж на други помалку пожелни текстови“.
Џени Афија додаде: „Тоа беше вистинска... војна против Меган и видов докази дека се испраќаат негативни информации од Палатата против Хари и Меган за да се исполни туѓата агенда“.
Таа истакна дека пишувањето за таткото на Меган Маркл и нивната врска било последната капка.
Првите три епизоди од серијата беа прикажани на 8 декември.
Фото и Видео: Youtube
Моментот кога Меган Маркл ја исмева кралицата ги налути Британците: Хари замрзнато ја гледа (ВИДЕО)