„Вилијам викаше на мене, тато лажеше, а кралицата само седеше и молчеше“: Меган заплакала кога ја слушнала страшната вистина
Принцот Хари зборуваше за самитот во Сандригам кој му
претходеше на Мегзит, во вториот и последен дел од документарната серија на
Нетфликс „Хари и Меган“. Деталите што ги наведе се прилично шокантни.
Првиот дел од серијата донесе повеќе или помалку индиректни обвинувања за палатата. Хари беше нејасен за машките членови на семејството и многумина претпоставуваа дека мислел на Чарлс и Вилијам кога зборувал дека го следи своето срце и не следи шаблон како другите.
Хари во вториот дел е многу подиректен, но се обидува да постигне одредена рамнотежа.
Војводата од Сасекс рече дека неговиот постар брат, сега наследник на тронот, му викал на самитот Сандригам во јануари 2020 година пред нивните татко и баба. Тој забележал дека Чарлс Трети лажел и дека кралицата Елизабета Втора немо гледала се‘.
„Беше застрашувачки што брат ми ми врескаше и викаше, татко ми кажуваше работи кои едноставно не беа вистинити. А баба ми, знаете, мирно седеше и го набљудуваше сето тоа“, рече Хари, истакнувајќи:
„Отидов со истиот предлог што веќе го имавме дадено јавно, но кога стигнав таму ми беа дадени пет опции: првата беше да се остави се‘ непроменето, а петтата беше дека се‘ е готово. На состанокот ја избрав третата опција - половина внатре, половина надвор, да имаме свои бизниси, но и да работиме за поддршка на кралицата. Многу брзо стана јасно дека оваа цел не е за дискусија или дебата“.
Кога британскиот принц ѝ се јавил на Меган и ѝ кажал за семејната кавга, таа била загрижена и заплакала.
Тој, исто така, тогаш ѝ кажал дека без негово одобрение, неговиот потпис бил додаден на заедничкото соопштение за печатот во кое се наведува дека Вилијам не го принудил Хари да ја напушти Фирмата.
„Вилијам ја избра палатата, не неговиот брат, но јас го разбирам“
Парот тогаш изјави дека кралските службеници ги блокирале приватно да разговараат за одење во Канада, а потоа во Америка, пишува Дејли Мејл.
„Најтажниот дел од тоа беше бедемот што се создаде меѓу мене и мојот брат, така што тој сега е на страната на институцијата. Дел од тоа, разбирам, дел од неговата одговорност е да опстане и да ја продолжи оваа институција“, ја ублажи изјавата Хари.
„Кралицата сакаше да ме види мене и Меган, но ја спречија“
Принцот Хари потоа рече дека тој и Меган му кажале на кралот Чарлс III дека ќе се откажат од своите титули доколку Мегзит не успее.
Толку многу се дискутираше и пишуваше во медиумите дека двајцата всушност сакаат да ги задржат титулите.
Во продолжение на контроверзната серија тврдат дека се обиделе да се преселат во Нов Зеланд во 2018 година, а потоа во Јужна Африка.
Хари истакна дека додека разговарал со својот татко од Канада на Божиќ 2019 година, семејството знаело дека тој и неговата сопруга сакаат да заминат. Дворот планираше самит во Сандригам, па Меган не можеше да присуствува на тој собир.
„Татко ми рече: „Можеш ли да го ставиш тоа на писмено?“, откри Хари, кој додаде дека не би сакал, туку дека попуштил, додавајќи: „Тој рече дека не може да направи ништо освен ако тоа не е на писмено. Испратив мејлови“.
Се слушаше како Меган воздивнува и Хари како вели дека ги пратил мејловите на 1, 2 и 3 јануари.
„Во еден од нив реков дека ако Мегзит не успее, Меган и јас ќе се откажеме од титулите, ако треба. Тоа беше планот“, истакна тој.
Хари откри и детали од приватниот телефонски разговор меѓу него и кралицата.
„Разговарав и со баба ми ѝ реков дека би сакал да дојдам да ја посетам. Таа знаеше дека ни е тешко, многупати разговарав со неа за тоа“.
Таа рече дека нема планови за таа недела и праша: „Зошто не дојдеш да пиеме чај, да ја поминеш ноќта овде, ти и Меган?“.
Меган и Хари рекоа дека додека биле на аеродромот, добиле порака од соработниците на кралицата во која им кажале дека кралицата имала обврски во текот на целата недела и дека не може да се сретне со нив.
„Wow. Па, тоа е спротивно од она што ми го кажа таа“, додаде тој.
Тој рече дека кралицата потоа одговорила: „Да, не знаев дека сум зафатена, ми рекоа дека сум зафатена, всушност ми рекоа дека сум зафатена цела недела“.
„Се сеќавам дека го гледав Хари (кому му се обраќа со првата буква од неговото име (Ејџ)) и си помислив: „О Боже. Ова се случува кога семејството и семејниот бизнис се во директен конфликт, бидејќи не спречуваат да се видиме со кралицата, но она што тие всушност го прават е спречување на внукот да се види со својата баба“, нагласи војвотката.
„Ми беше забрането да кажам нешто за Меган, тоа беа мрачни времиња“, изјави актерката Абигејл Спенсер.
Вториот дел од серијата ги донесе тврдењата на Хари дека Меган е подобра во извршувањето на нејзините должности од оние кои се родени за тоа, нејзината изјава дека дворот не сакал да ја заштити иако знаеле дека таа не е добро, изјавата на нејзината мајка дека војвотката сакала да се убие, теории за маркетинг негативни приказни за овој пар за да се оттргне вниманието од негативните текстови за другите членови на кралското семејство.Во серијата се појавува и пријателката и актерка на Меган Маркл, Абигејл Спенсер, која рече дека и било забрането да кажува нешто за војвотката и дека тоа било мрачно време во Британија.
Серијата се занимава и со интервјуто што Меган и Хари го дадоа во шоуто на Опра Винфри во 2021 година, кое како документарец започна бројни контроверзи. Познатиот пар е експлицитен дека тој разговор не го гледале пред да се емитува.
„Што гледам. Wow, Ејџ штотуку добив порака од брат му“, рече Меган додека Хари и го покажуваше телефонот.
„Посакувам да знаев што треба да правам“, додаде Хари, а потоа неговата сопруга го прегрна.
Пораката од Вилијам стигнала по емитувањето на интервјуто, а во серијата е прикажана и изјавата на принцот од Велс во тие тешки денови за семејството: „Сè уште не сум разговарал со Хари, но ќе разговарам“.
Јавноста се потсетува и дека Вилијам бил експлицитен: „Ние не сме расистичко семејство“, па принцот од Велс ја коментираше изјавата на Меган дека нејзиниот и синот на Хари, Арчи Харисон бил изложен на расна дискриминација.
Серијата „Хари и Меган“ носи нови расистички обвинувања, но и инсинуација на војвотката и војводата од Сасекс дека сакале да направат рамнотежа меѓу сопствените работни места и служењето на кралицата, како и дека се стремат кон финансиска независност и дека не ги сакале парите на даночните обврзници, иако биле обвинети за тоа во претходните години.
Фото: Youtube