Северина сподели досега невидена фотка со синот на посебен ден: Ретко кој остана рамнодушен на глетката

Северина на Инстаграм објави фотографија по повод роденденот на синот кој се роди пред десет години.

Северина на својот Инстаграм профил објави црно-бела фотографија со синот, која досега не сме имале можност да ја видиме, а за тоа имала посебна причина.

Имено, нејзиниот син го слави својот десетти роденден, а фотографијата што ја објави Северина е направена веднаш по неговото раѓање.



„Поминаа десет години откако првпат ги видов најубавите очи на светот. И сè ми беше лесно во овие десет години, само да погледнам во тие очи. За тие очи, во оган и вода и крајот на светот . И со диносаурусите би се борела, а каде не со расипани бараби. Ти благодарам, синко, што ми даде неопислива сила и храброст. Ти благодарам што ја направи мојата бестрашна љубов кон тебе. Мојот благослов и срцето на моето срце“, напиша Северина со фотографијата што ја гледате погоре .

„Среќен роденден, толку многу емоции во една слика“, „Среќен роденден“, „Убава фотографија“, „Среќен роденден“, „Среќен роденден на малиот херој“, „Животот и силата на мајката“. Те сакам“, „Среќен роденден на прекрасното момче“, „Нека е жив и здрав син ти“, „Ти си убава“, „Нема шанси да не плачам на овојроденден“, Прекрасна фотографија“, се само дел од пораките што таа ги доби од фановите во коментарите.