Шарлот од „Сексот и градот“ повторно на мета на јавноста: Порано ми велеа дека имам тело како круша, а сега ова...

Кристин Дејвис е и повеќе од лута поради сите негативни коментари за нејзиното појавување во заживувањето на „Сексот и градот“ - „And Just Like That…“, чија премиера беше на 9 декември. Во интервју за лондонски „Сандеј тајмс“, славната aктерката го коментираше постојаното зборување за неа и нејзиниот изглед откако повторно глуми во култната серија, а на навредливите коментари за нејзиниот изглед одговори со иста мерка.

Како што нагласи актерката, секој сака да ја коментира косата, лицето, додека во нејзиниот случај интензитетот на сето тоа беше шокантно.

„Лута сум и не сакам постојано да чувствувам бес, па повеќе не обрнувам внимание на тоа. Само знам дека коментарите се таму некаде“, изјави таа.

Шарлот од серијата зборуваше и за тоа како коментарите за нејзиниот изглед и пречеле за време на оригиналната серија „Сексот и градот“ кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите. 


„Секоја недела пишуваа статии за тоа како моето тело изгледа како круша, што ме стресираше многу затоа што не можев да го избегнам тоа. И сега некако чувствувам дека е така. Но, исто така се чувствувам како: Ма, е**те се сите, со она како јас изгледам, луѓе, дојдете овде и направете го тоа подобро, ако знаете“.

Кристин ги обвини социјалните мрежи за коментарите за неа и нејзините колеги во серијата.


„Тоа е проблем на социјалните медиуми, нели, што не знаете што прават овие луѓе“, рече таа. „Не знаете ништо за нив. Тие само фрлаат бомби. Тоа ме прави лута“.

Уште во октомври, нејзината партнерка Сара Џесика Паркер исто така прозва тролови на интернет во интервју за Вог.

„Толку многу се зборува за мизогинија за нас. Седа коса, седа коса, седа коса. Седам со Енди Коен, а тој има полна глава со седа коса, а тој е одличен. Не знам што да ви кажам луѓе. Посебно на социјалните мрежи. Секој има што да каже: „Има премногу брчки, нема доволно брчки. Чувствувам како луѓето да не сакаат да бидеме во ред со она што сме, како да уживаат да бидеме повредени од тоа што сме денес, дали ќе избереме да старееме природно и да не изгледаме совршено.. Знам како изгледам. Немам избор. Што треба да направам за тоа? Да го запрам стареењето? Да исчезнам?".


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм-sarahjessicaparker/Инстаграм-screenshoot-highbrowhippie