„Знам како изгледам, но што да правам? Да престанам да стареам, да исчезнам?“ ... Или имаш 35 години или си во пензија! Сара Џесика Паркер за стареењето и навредите!

Сара Џесика Паркер се врати во стил! Откако нејзиниот лик Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ влезе во историјата на современото кино, обезбедувајќи на генерација жени прозорец во светот на модерните, успешни слободни дами од Њујорк и обликувајќи нови социјални форми и ставови, таа сега е назад во „And Just Like That...“

Продолжението доаѓа во 10 епизоди, а деталите за сценариото се чуваат во строга тајност, иако јавноста во неколку наврати имаше можност да види фотографии од сетот, меѓу кои и необичното, шик издание на Кери Бредшо. Токму тие фотографии ја ставија Сара повторно во центарот на вниманието, се поради тоа што покажуваат дека годините оставиле белег на актерката. 

Иако седата коса и брчките се сосема нормална појава, се чини дека суровите холивудски стандарди не им простуваат. Паркер го почувствува тоа на своја кожа, соочена со бројни критики и навреди поради нејзиниот изглед. За тоа, таа проговори и за декемвриското издание на „Вог“.

„Кога го објавивме тизерот за "And Just Like That... " имаше многу позитивни реакции, но и злобен тек на одговори на социјалните мрежи кои споделуваа фотографии од девојките од првите епизоди. А јас тогаш реков: „Леле, значи или имаш 35 години или си во пензија и живееш на Флорида“, вели режисерот на серијата Мајкл Патрик Кинг. 

„Ми се допаѓа што не се обидовме да го подмладиме тимот на серијата, на пример, воведовме 21-годишна внука“, додаде Никсон, која го толкува ликот на Миранда во серијата.

Паркер се согласува со колегите.


„Има толку многу мизогински коментари како одговор на нас, а тоа никогаш не би му се случило на ниту еден маж. Седа коса, седа коса, седа коса... Дали таа има седа коса? Седев со Енди Коен, а тој има полна глава седа коса и тој е одличен. Зошто тоа е во ред за него? Не знам што да ви кажам луѓе. Особено на оние на социјалните мрежи. Секој има што да каже. Има премногу брчки, нема доволно брчки. Речиси се чини дека луѓето не сакаат да бидеме задоволни со она што сме, речиси како да уживаат да бидеме повредени од она што сме станале денес, без разлика дали сме избрале да старееме природно и да не изгледаме совршено, или сме избрале да направиме нешто во врска со тоа. Знам како изгледам, немам избор. Што да правам во врска со тоа?“, рече славната 56-годишна дама.


Таа позираше за „Вог“ во прекрасен розов фустан од тул со тродимензионални сребрени и златни цветови и во бајковита, романтична бела наметка со пердуви.



Фото: Профимедиа/Инстаграм

Престани да ја користиш мојата трагедија: Конфликт помеѓу ѕвездите од „Сексот и градот“, а сè започна по смртта на братот на славната актерка