Престани да ја користиш мојата трагедија: Конфликт помеѓу ѕвездите од „Сексот и градот“, а сè започна по смртта на братот на славната актерка

Враќањето на славната екипа од Њујорк на малите екрани ќе се случи побрзо отколку што многумина мислеа. Кери Бредшо, Миранда и Шарлот, без Саманта, повторно ќе влезат во нашите домови овој декември.

Телевизијата HBO потврди дека продолжението на серијата „Сексот и градот“ ќе дебитира во декември 2021 година. Серијата Спиноф насловена „And Just Like That“ следи три пријателки во зрелоста по сите љубовни несреќи.

Иако со години се пишува дека актерката Ким Катрал не сака повторно да ја глуми Саманта, по многуте шпекулации и потврда на актерката дека не сака да соработува со Сара Џесика Паркер, која ја глуми култната Кери Бредшо, актерката одби да се појави во новата серија.

Конфликтот помеѓу актерките започна во 1998 година. Таблоидите пред 23 години пишуваа дека sвездите од серијата не се согласуваат, но се‘ излезе на виделина во 2017 година. Имено, Ким Катрал ја одби улогата во третиот дел од филмот „Сексот и градот“ и на Твитер ги демантираше приказните на „Дејли меил“ дека има луди барања. 


„Единствено барање што го имав беше дека не сакам да снимам трет филм“, напиша Ким.

Кратко по објавувањето на Твитер, Ким во интервју за Пирс Морган рече дека актерките не биле пријателки надвор од камерата и дека средината на сетот на серијата е токсична.

Една година подоцна конфликтот меѓу Ким Катрал и Сара Џесика Паркер ескалираше, откако Сара изрази сочувство до Ким која го загуби својот брат. 

„Не ми треба твојата љубов или твојата поддршка во овој трагичен момент“, ѝ порача Ким Катрал, на Сара Џесика Паркер.

„Мајка ми денес ме праша - кога овој лицемер ќе те остави на мира. Твојата потреба да ме контактираш е само болно потсетување за тоа колку беше сурова и колку си сурова и денес. Ќе бидам многу јасна. Ти не си мое семејство. Ти не си ми пријател. За последен пат, престани да ја користиш нашата трагедија за да го вратиш имиџот како добра девојка“, напиша Ким.

По многу тешките зборови, Сара Џесика Паркер потврди дека Ким Катрал нема да биде дел од новата серија „Сексот и градот“.

„Не е точно дека ја мразам. Никогаш не го кажав тоа. Никогаш не би рекла такво нешто. Саманта не е дел од оваа приказна, но таа секогаш ќе биде дел од нас. Без разлика кои сме и што правиме“, напиша Сара накратко на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)


Креаторите на серијата, предводена од Сара, одлучија да вклучат нова актерка која нема да ја замени Саманта. Никол Ари Паркер ќе биде новото лице, во новата сезона на „Сексот и градот“.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

Долг мантил и високи потпетици: Кери Бредшо во „Сексот и градот“ демонстрира што ќе носиме оваа есен (ФОТО)