„Не сум јас бебе“: Има 101 година, сака да патува, но вели дека една работа што често се случува и пречи
Баба Патриција се до 97-та година патувала сама. Меѓутоа, после тоа почнала да се потпира на помошта од семејството. А проблемот настанал кога наполнила 100 години. Но, не поради неа и нејзиното здравје, туку поради системот за резервации на авионски билети. Бабата вели дека тоа сепак нема да ја спречи да патува низ светот.
Сите мислат дека е бебе
Баба Патриција е Американка, која сега има 101 година. При патување со авион, често доаѓа до забуна поради немањето систем за резервација на билети. Имено, системот ја регистрира оваа баба како бебе! Проблемот настанува затоа што американската авиокомпанија, каде баба Патриција е чест патник, не може да пресмета дека е родена во далечната 1922 година, туку автоматски ја префрла на еден век подоцна. Така, кога сака онлајн да резервира авионски билет, системот пишува дека е родена во 2022 година.
Наместо неа, екипажот очекувал бебе
„Смешно беше што во една прилика екипажот на летот мислеше дека сум мало дете, и очекуваше некој да им предаде едногодишно бебе, а дојдов јас „старица!“, раскажала баба Патриција, на која ова со резервацијата на авионската карта не и се случило само еднаш. Последен пат со ќерката отпатувала од Чикаго до Мичиген. „Ќерка ми резервираше карта по телефон и компјутерот на авиокомпанијата мислеше дека мојот датум на раѓање е 2022 година, а не 1922 година. Никој не го забележува ова додека сите патници не се качат во авионот, а потоа се изненадија кога видоа стогодишник“, вели бабата.
Системот и скратува 100 години
Системот за резервации на авиокомпаниите едноставно не може да ја обработи возраста што ја пишува бабата кога купува билет. Затоа секогаш и дава 100 години помалку! Наместо да наведе дека патникот има 101 година, системот пишува една. И така настанува недоразбирање.
Ситуацијата е прилично смешна, но баба Патриција веќе почнува да се нервира од сето тоа. Таа за „Би-Би-Си“ изјавила дека би сакала до лето да се поправи грешката во системот за резервации на билети, за што веќе планирала патување. Еден од проблемите што ги имала, вели таа, е тоа што персоналот на авиокомпанијата ја немал подготвена инвалидската количка што ѝ била потребна во тој момент, бидејќи очекувале бебе, кое планирале да го носат.
Затоа баба Патриција се надева дека системската грешка наскоро ќе биде исправена и дека екипажот на летот ќе ја пречека како баба, а не како бебе на нејзиното следно патување.
Фото: Freepik.com
Извор: Najzena.alo.rs