„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Добивај вести на Viber

По повод Светската недела на медицинските сестрии акушерки, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги награди најхуманите медицински сестри, кои со својот придонес, професионалност и тимски дух придонесоа за развојот и унапредувањето на сестринството.

За големината на оваа хумана професија зборуваа медицинскиот директор на болницата, проф. д-р Игор Кафтанџиев, како и главната медицинска сестра, Билјана Дилевска, кои со поздравен говор го отворија настанот.

Награди и признанија добија 33 медицински сестри и акушерки од болницата, во неколку категории, кои во изминатата година покажале значајни резултати во својата работа и придонеле за позитивна работна атмосфера.

„Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ со голем број активности ја одбележа Светската недела на медицински сестри. Со цел да ја унапредиме професијата и да им оддадеме почит на нашите вработени, доделивме признанија и награди, кои се мотив за колективот, од една страна, но од друга страна, сакаме да дадеме и пример како треба да се сака и цени професијата, бидејќи нашата професија, пред сѐ, има хумана димензија“, вели Билјана Дилевска, главна медицинска сестра во „Аџибадем Систина“.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како најголема приватна болница, има голема улога во развојот на сестринството како професија. Грижата за вработените е еден од нашите главни приоритети, а потврда за тоа е и признанието за најдобар работодавец, кое болницата го добива втора година по ред.

ПР објава