Шерон, кралице! Совршено издание за жени над 50 години: Фустан кој го крие стомакот и е одличен за празниците

Добивај вести на Viber

Шерон Стоун и во седмата деценија продолжува да импресионира со својот изглед и посебна харизма, на која ретко која славна дама може да ѝ парира. 

Таа нè фасцинира и со нејзиниот стил кој со текот на времето е се подобар и подобар, а е една од ретките познати жени која смислила совршена модна формула која е во склад со нејзините години. Таа не се труди да изгледа помладо отколку што е, туку носи парчиња кои се сосема соодветни, но сепак изгледа многу привлечно.

Оскаровката неодамна ги предводеше славните на добротворниот концерт во театарот Вилшир Ебел во Лос Анџелес, а таа избра одлично издание што ќе ве инспирира во претстојната празнична сезона, особено ако имате над 50 години.


Шерон избра многу впечатлива креација која ви го привлекува вниманието, а и е многу благодарна бидејќи ги крие сите потенцијални недостатоци на нејзината фигура, односно малку вишок килограми.

Убавата 65-годишна девојка носеше асиметричен фустан од туника со долги лелеави ракави кои се претопуваа во преголема наметка одзади. Оваа многу убава, ефективна креација во сребрено-златна боја и изработена од тешка, текстуран брокат е потпишана од италијанскиот бренд Taller Marmo.

Шерон Стоун комбинацијата ја комплетираше со црни, тенки хеланки и црни чизми над колена од кожа, и клач чанта со сребрени штрасови.

Доза на гламур и празничен шмек и донесоа блескавите шноли во косата во форма на ѕвезди, како и обетките со циркони, а за вамп ефектот се погрижи светло-црвениот кармин.

Дали ви се допаѓа ова издание на прославената актерка?