Шест медали за вината „Монтеко“ во најсилната светска конкуренција на натпреварот „Мундус вини“ во Германија

Добивај вести на Viber

Вината на винаријата „Монтеко“ освоија два златни и четири сребрени медали во најсилната светска конкуренција на еден од најпрестижните меѓународни вински натпревари „Мундус вини“ што се одржува во Германија.

Уникатниот печат, грациозниот вкус и арома и врвниот квалитет на вината „Монтеко“ го освоија стручното жири, кое високо ги оцени и им додели златни медали на сувите црвени вина „Вранец“ и „Мерло“ од бербата во 2023 година, додека со сребрен медал се закитија сувото бело вино „Темјаника“ и сувите црвени вина „Каберне сoвињон“, „Филип“ и „Неро“ од бербата во 2023 година. Освоените одличја на престижниот вински натпревар добиваат уште поголемо значење бидејќи бутик-винаријата „Монтеко“ ги освои експертите и собра највисоки оценки уште при своето прво претставување на „Мундус вини“.  

- „Мундус вини“ е натпревар кој на едно место ја собира винската елита од целиот свет, така што е огромна чест да се освојат највисоки признанија во многу силна конкуренција од 12.000 вина од целиот свет. Вината „Монтеко“ веќе ги освоија вистинските познавачи, но со освоените одличја, a уште повеќе со добиените оценки, докажуваат дека со својот квалитет и сопствениот печат се вбројуваат во мал процент на најдобри вина во светот. Тоа е огромно задоволство за нас како тим, бидејќи во нив, покрај нашето знаење и експертиза, вградуваме и исклучителна страст и желба за да го добиеме најдоброто – истакнуваат од винаријата „Монтеко“.   

Вината „Монтеко“ имаат уникатен печат кој произлегува од специфичната природна средина во која виреат лозовите насади, прецизната селекција на грозје и врвните производни процеси.

„Мундус вини“ е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари во светот кој се одржува повеќе од 20 години. Квалитетот на пристигнатите вина, кои секоја година ги има по повеќе илјади, го оценува меѓународно стручно жири составено од висококвалификувани судии – енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери и новинари кои ја следат светската винска индустрија.

пр објава