Шкотски палачинки по рецепт на кралицата Елизабета: Го обожаваше овој деликатес, а често и сама го правеше
Рецепт за вкусно уживање кое го подготвувала и самата кралица
Кралицата имала одредени правила на исхрана до кои се придржувала, како и ритуали без кои не можела да замисли ниту еден ден. Она што малкумина го знаеја е дека кралицата обожувала шкотски палачинки. Честопати сама ги подготвувала, а при посетата на американскиот претседател Ајзенхауер во 1959 година биле послужени како десерт.
Ајзенхауер бил толку воодушевен од нивниот вкус што го побарал рецептот од кралицата. Таа писмено му го испратила истиот, а покрај потребните состојки и начинот на подготовка, напишала и мала белешка на рецептот.
„Кога правам помалку палачинки, ја намалувам количината на брашно и млеко, но не ја менувам количината на другите состојки. Исто така, понекогаш ги подготвував со меласа или златен сируп наместо шеќер, а тоа може да биде многу вкусно“, рекла во една прилилка Елизабета.
Пробајте го рецептот на кралицата Елизабета кој ги воодушеви најголемите сили.
Потребни состојки:
-4 чаши брашно (околу 400 грама)
-4 лажици шеќер во прав
-2 чаши млеко
-2 јајца
-2 лажички сода бикарбона
-3 лажички вински прашок за пециво (достапен во подобро снабдени продавници за здрава и органска храна)
-2 лажици стопен путер
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, шеќерот и половина од потребната количина млеко. Во изматената смеса додадете го брашното, па повторно измешајте, додавајќи го преостанатото млеко, содата, прашокот за печиво и путерот. Тестото треба да биде погусто од смесата од обични палачинки, односно да не се разлева.
Палачинките по форма треба да личат на американски палачинки, па направете помали кругови на тавата. Тавата премачкајте ја со малку масло за да не се залепи тестото.
Во добро загреана тава пропржете ги палачинките, а кога ќе се појават меурчиња на површината на палачинката, превртете ја и печете од другата страна уште 30 до 60 секунди или додека не поруменат.
Добар апетит!