Шок фустан во кој без срам покажа сѐ до гола кожа: Ешли Греам потврди дека критиките не ја допираат
Ешли Греам, најпознатата плус сајз манекенка во светот, неодамна прошета на црвениот тепих на гала настан организиран од магазинот „Тајм“, а оваа дама уште еднаш докажа дека критиките не ја допираат и дека го обожава своето тело и облини.
Убавата бринета повторно реши да ги испровоцира дежурните критичари, избирајќи целосно проѕирна, многу предизвикувачка креација. Ешли сака тесни, припиени парчиња облека и не се плаши да покаже дека не е совршена, покажувајќи ни дека харизмата, самодовербата и привлечноста се всушност многу поважни од беспрекорната фигура.
Овој пат се одлучи и за фустан кој ја слави нејзината бујна фигура - изборот падна на долг фустан од црна, светкава, целосно проѕирна мрежа со необични ракави и качулка.
Ова е необичен, ризичен тоалет за кој дефинитивно треба да се вооружите со самодоверба, храброст, па дури и подготвеност да слушнете некои критики или негативни коментари. Под фустанот, Ешли носеше црна долна облека, криејќи ги своите најинтимни делови од љубопитните очи.
Ова провокативно издание манекенката го комплетираше со едноставни црни сандали со прерамки, црна клач чанта и блескав, раскошен накит.
Што мислите за нејзиниот избор?