Има 90 килограми и грми - во „влажен“ фустан секоја облина ѝ изгледа неверојатно привлечно: Таа ни докажува дека ДОВЕРБАТА е сè

Добивај вести на Viber

Ешли Греам на црвениот тепих на престижните Британски модни награди во Лондон воодушеви, а на афтерпартито продолжи со други познати гости во популарен клуб на забава.


И додека на гала настанот се појави во светло сина кошула-фустан со лелеава наметка, за забавата избра малку попредизвикувачко издание.

Најпознатиот плус-сајз модел на светот се одлучи за сатенски фустан со предизвикувачки шлиц од страна, а многу интересна е и самата нијанса на фустанот - микс од светло виолетова и сива боја со метален сјај. 

Оваа креација е многу интересна - создава илузија на мокра облека и ги оцртува облините, па убавата бринета гордо ја покажа својата бујна фигура, уште еднаш потврдувајќи дека самодовербата е најсилниот адут на секоја жена. 

Ешли пристигна во клубот облечена во мека, бела бунда, а изгледот го комплетираше со едноставни сандали со метални прерамки, плико чанта од кристали и блескав накит.

Инаку, славната убавица минатата година призна дека сè уште води фрустрирачки разговори за нејзиниот физички изглед, исто како на почетокот на кариерата, иако многумина веруваат дека таа ги поместила границите на манекенството. 

„Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукнам од самодоверба и коментираат за мојот стил на облекување. Фактот дека носам облека со големина 16, тежам повеќе од 90 килограми и пукам од самодоверба на кампањите за долна облека не значи дека сакам постојано да водам разговори за тоа што е потребно за да имам толкава самодоверба. Тоа што сум голема девојка не значи дека морам постојано да водам вакви разговори. Тоа е некако шокантно за мене затоа што истите прашања не им се поставуваат на послабите жени. На крајот, навистина не е сè до изгледот. Понекогаш она што е во нас е нешто на што треба да работиме“, заклучила таа.


Фото: Профимедиа/ Instagram