Што да јадете за Велигденските пости: Палента каква досега не сте пробале

Добивај вести на Viber

Бидејќи уште траат Велигденските пости, денеска ви предлагаме да си подготвите едно вкусно предјадење, кое може да ви се најде и за пред гости.

Потребни состојки:

-Палента 250 грама

-Ајвар 2-3 лажици

-Посно сирење  (рендано) 2-3 лажици

-Маслиново масло 1 лажица

-Сол


Подготовка:

Во килограм вода додавате лажица маслиново масло и малку сол. Штом зоврие, ја додаваме палентата. Вариме кратко, некоја минутка, додека згусне со повремено мешање. Ја ставаме палентата во калап за куглоф и оставаме да се стврдне. Украсуваме со ајвар и сирење. Сервираме со малку рукола и cherry доматчиња.

Пријатен апетит.


(рецептот е преземен од инстаграм блогерката Наташа)

*Пр објава