Здравје // Рецепти
Што да јадете за Велигденските пости: Рецепт за фигаро обланди
Фото: Shutterstock
Велигден полека се ближи, а доколку сте почнале да размислувате кои колачи би можеле да ги направите, во продолжение ви пренесуваме еден рецепт за највкусните посни колачи.
Потребни состојки:
100 гр сливи
100 гр смокви
100 гр урми
100 гр суво грозје
100 гр ореви
100 гр печени лешници
1 лажица шеќер во прав
2 лажици мед
сок од еден лимон
2 мали обланди
100 гр посно чоколадо
30 гр мелени печени лешници за декорација
Подготовка:
Урмите, смоквите и сливите исечкајте ги на тенки парчиња, измешајте ги со крупно сечканите ореви и издробените печени лешници, сувото грозје и сокот од лимон. Додадете шеќер во прав и мед и добро измешајте. Ставете ја смесата помеѓу обландите и притиснете надолу со потежок предмет. Следниот ден се прелива со посно чоколадо и се посипува со мелени печени лешници, па кога ќе се стврдне се сече на коцки.
Извор: stil.kurir.rs*пр-објава