Што е точно WW диета по која полудеа жените-Јадеш сѐ, а килограмите не се враќаат

Добивај вести на Viber

FOTO: Freepik

Една од најдобрите во светот...

Weight Watchers е една од најпопуларните програми за слабеење во светот. Милиони луѓе, меѓу кои и жени од нашите простори, но и светски познати личности како Опра Винфри, се свртеа кон оваа диета бидејќи ветува слабеење – без ефектот на бумеранг.

Диетата WW ја создаде Жан Нидек во 1963 година од Квинс, Њујорк. Наскоро, таа програма, со некои модификации, стана еден од најбараните планови за исхрана во светот. Диетата се заснова на точки кои доделуваат вредности на храната и пијалоците врз основа на содржината на влакна, масти и калории, пишува HealthLine.

Секој план на исхрана за време на WW диетата е индивидуален и зависи од тоа каква храна сака корисникот, каков начин на живот води и какви резултати сака.

Постојат три начини на кои можете да ја практикувате оваа диета според вашите потреби, а помош добивате преку апликацијата WW.

Што е најважно, диетата на WW е оценета меѓу неколкуте најдобри во светот. Спаѓа во здрави диети бидејќи не е рестриктивна, ниту една храна не е забранета и суштината е во умерени количини. За време на оваа диета во организмот ќе внесете доволно количество на протеини, јаглени хидрати, масти и други хранливи материи кои се неопходни за нормално функционирање на телото и за да бидете здрави.

Исто така, ќе консумирате значително помалку калории, заситени масти и рафиниран шеќер.


Правила за исхрана

Системот за паметни поени им овозможува на корисниците да изберат помеѓу три програми за исхрана на WW.

Здравата храна носи нула бодови, додека храната со не толку здрави состојки, рафиниран шеќер, заситени масти носи одреден број бодови, пишува dijeta.net.

Програмите за исхрана на WW се зелените, сините и виолетовите програми.

Зелена програма - упатени сте кон 100+ храна со нула поени.

Сина програма – насочени сте кон 200+ храна со нула поени.

Виолетова програма – насочени сте кон 300+ храна со нула поени.

Во сите три програми, го добивате и вашиот буџет од паметни поени што можете да ги користите за храната што вообичаено сакате да ја јадете. Буџетот за Smart Points се базира на пол, висина, тежина и возраст.

Заедно со поени, добивате куп рецепти што можете да ги користите, а тие содржат храна што треба да ја јадете.

За да го добиете планот кој најдобро одговара на вашите потреби, треба да одговорите на следниве прашања кога аплицирате за програмата WW:

-Зошто сакате да изгубите тежина;

-Што не можете да поднесете за време на диетата;

-Колку вежбате;

*Како и колку спиете;

*Како во моментов размислувате за животот и навиките за животниот стил.


Дали WW диетата помага при слабеење?

Диетата WW е препознаена како една од најдобрите диети . Тоа е токму затоа што има илјадници и илјадници задоволни корисници кои успеале да се ослободат од несаканите килограми на едноставен начин. Притоа не го загрозиле своето здравје, не биле гладни за време на диетата и не морале да се откажат од одредена храна.

Исто така, има тони научни студии кои докажаа дека диетата WW е одржлив начин на исхрана и дека го прави она што го тврди.

Она што ја прави посебна диетата на WW е тоа што фокусот е ставен на создавање добри и здрави навики во исхраната, како и на одржлив и долгорочен начин на исхрана кој ќе придонесе за слабеење. Оваа диета ве учи да правите поздрав избор, но и да ја контролирате големината на порциите што ги јадете во текот на денот.

Токму затоа ова е добра и одржлива диета бидејќи успехот не доаѓа преку ноќ, но ниту килограмите се враќаат.

Колку е тешко да се придржувате до диетата на WW

За време на оваа диета, ниту една храна не ви е забранета, па не мора да се откажувате од омилената храна. И нема да бидете гладни. Во текот на еден ден дозволено, но и потребно е три оброци и две ужинки.

Во апликацијата WW, корисниците можат лесно да го следат нивниот број на паметни поени, дури и кога јадат надвор. Исто така, апликацијата или страницата нуди куп рецепти на располагање, што значи дека секогаш ќе знаете што да готвите за ручек и вечера, дури и кога воопшто немате инспирација.

Во апликацијата, исто така можете да го следите вашиот пат до губење на несаканите килограми. Можете исто така да ги следите вашите дневни навики, колку спиете, колку течност внесувате и колку тренирате. На овој начин, покрај исхраната, можете да се фокусирате и на целосна промена на животниот стил и конечно да започнете да прифаќате здрави навики.

Диетата може да ја користат и мажи и жени, а се препорачува за лица над 18 години. Затоа, пред да започнете, треба да пресметате колку поени можете да внесете во текот на денот. 

Изгледа вака:

Пол:

Се доделуваат 7 поени за жени и 15 поени за мажи.

Возраста од 18 до 20 години носи 5 бода, од 21 до 35 години 4 бода, од 36 до 50 години 3 бода, од 51 до 65 години 2 бода, над 65 добиваат 1 бод.

Висина:

помалку од 160 – 0 поени;

од 160 см до 165 см – 1 поен;

над 165 см – 2 поени;

Тежина:

од 50 кг до 59 кг – 5 поени;

од 60 кг до 69 кг – 6 поени;

од 70 кг до 79 кг - 7 поени (и така натаму...)

Физичка активност:

-физички неактивен, претежно седечки - 0 поени;

-слаба физичка активност - 2 поени;

-умерена физичка активност - 4 поени.

И како да се пресмета вредноста на храната во поени?

Секој вид на храна носи одреден број поени. Како што се зголемува бројот на калории, јаглехидрати, масти и шеќер во храната, така се зголемува и бројот на поени кои ја одредуваат нивната вредност. Значи, колку поени има одредена храна, се пресметува со делење на бројот на калории со 60 и масти со 9 и додавање на нивните количници.

Во текот на денот можете да внесете намирници во вредност од освоените поени, пишува story.hr.

Храна што треба да се јаде за време на диетата на WW

Иако не постојат намирници кои се забранети и можете да ги јадете вашите омилени чоколадни плочки за време на диетата WW, сепак се препорачува да се намали потрошувачката или целосно да се елиминираат следниве намирници:

-слатки газирани пијалоци,

-чипс,

-преработено месо, како што се виршли, колбаси и слично,

-слатки и торти, колачи, бисквити.