Што ќе се случи со имотот на Канје Вест? Бјанка Сенсори не потпишала предбрачен договор, тоа може да го чини раперот цело богатство
Овој факт изненади многумина, бидејќи е многу честа појава во светот на познатите.
Раперот Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори го привлекуваат медиумското внимание во последните две години поради нивните провокативни појавувања.
Бјанка често се појавуваше гола во јавноста, а сето тоа кулминираше кога на црвениот тепих на Греми наградите во 2025 година се појави во долга црна бунда без ништо одоздола.
Од подиумот беше придружувана од обезбедувањето, а потоа и од целиот настан, додека нејзиниот сопруг цело време беше покрај неа. Потоа следеа бурни реакции од нејзиното семејство и шпекулации за нивната врска.
На крајот, беше откриено дека Бјанка сакала развод од Канје и дека тој ѝ понудил значителна сума пари за возврат. Но, се поставува прашањето дали таа ќе се согласи на ова со оглед на тоа што не потпишале предбрачен договор пред да се венчаат.
Недостигот на предбрачен договор може да има значителни финансиски последици за Вест, чие богатство се проценува на огромни 500 милиони долари. Експертите за развод на славните предупредуваат дека, во случај на развод, Бјанка може да има право на значителен дел од богатството на Вест.
Оваа вест предизвика бројни реакции и шпекулации во јавноста. Некои веруваат дека одлуката да не се потпише предбрачен договор е доказ за вистинската љубов и доверба меѓу двојката, додека други предупредуваат на потенцијални ризици, особено со оглед на историјата на Вест на бурни врски и разводи.
Канје Вест (46) и Бјанка Ценсори (28) се венчаа во декември 2022 година, само еден месец откако Вест го финализираше разводот со реалити ѕвездата Ким Кардашијан. Нивниот брак привлече внимание од самиот почеток, делумно поради брзината со која се одвиваше, а делумно поради турбулентното минато на Вест.
Дали разводот навистина ќе се случи или тоа е дел од маркетингот, останува да видиме, а ако се разведат, дали Бјанка ќе знае како да заработи од тоа?
Фото: Youtube - screenshoot