Што значи зголемен CRP: Д-р Данијела објасни сè и предупреди за две важни работи кои ги немаме во куќата, а се важни за здравјето
Докторката објасни што значи зголемен CRP и кои две работи ги немаме во домот, а кои се многу важни за здравјето!
Д-р Данијела Јевтиќ од српска Брза помош во утринска програма рече дека луѓето обично немаат две работи дома кои би помогнале при јавувањето на Итната помош, со што на медицинските работници ќе им ги дадат најважните информации. Таа зборуваше и за тоа што значи зголемен CRP и објасни во кои ситуации ќе расте, што предизвикува поголем, а што помал „скок“ на CRP.
- Ц-реактивниот протеин, или CRP, скока како жива во термометар - да употребам груба асоцијација, вели докторката. Тоа е протеин чија количина се зголемува со оштетување на ткивото и воспаление. Пациентите се јавуваат исплашени кога е подигнат, а околу пет единици е нормално, околу 40 е мало зголемување, веќе до 200 е сериозно воспаление“, вели д-р Јевтиќ.
CRP не се толкува „сам“, односно докторот треба да ја знае општата состојба на организмот, полот, возраста и анамнезата на пациентот, дури тогаш ќе има целосна слика.
„CRP може да е индикатор за акутен воспалителен процес, а ќе биде помалку покачен за време на вирусни инфекции, а повеќе за време на бактериски. Покачен е и по срцев удар, кај алергиски, хронични и автоимуни болести како што е ревматоидниот артритис. Големо зголемување има и кај малигнитет“, рече таа, пренесува Мондо.
CRP почнува да расте во првите шест до девет часа, а по 48 часа го достигнува својот максимум.
„Важно е да се следи динамиката, реакцијата на антибиотската терапија... Но, при првата регистрација имаме целосно право да размислуваме за притисок, атеросклероза, стврднување на масните наслаги на ѕидовите на крвните садови, нестабилност и тромбоза“, рече докторката.
Голем број пациенти се јавуваат во брза помош, но не го измериле притисокот, или не знаат каде им е термометарот или им се расипал и немаат...
„Кој знае колку пати апелираме, а се случува да се јават и да кажат - пукнал термометарот, или не знаат каде е. Тоа се многу важни податоци за нас, а кога има варијации на притисокот дури и кај младите, важно е да се знаат вредностите. Апаратот за мерење притисок исто не чини многу, но многу значи“, заклучи таа.
извор:blic.rs