Шведскиот beauty-tech бренд FOREO, достапен на продажните места во Neptun

Добивај вести на Viber

Вчера, 15.06 во Neptun, East Gate се одржа промоција  на шведскиот beauty-tech брендFOREO  . Гостите имаа можност да се запознаат со FOREO уредите и начинот на нивна употреба од страна на регионалниот едукатор за Форео Ивона Савичевиќ.

На двочасовната коктел промоција присуствуваа гости од јавната сфера, мејк ап артисти, медиуми кои преку непосредна комуникација со бренд амбасадорот први дознаа за бенефитите од користењето на овие уреди кои веќе ги освоија срцата на познатите личности како: Викторија Бекам, Ким Кардашијан, Меган Маркл, Мајли Сајрус, Синди Крафорд, Криси Тајген и Рита Ора.

FOREO е шведска визионерска компанија, место каде се сретнуваат убавината, технологијата и иновацијата.

Распространетост на 6 континенти, 86 отворени пазари, 12.000 продажни места и повеќе од 28 милиони задоволни корисници.

Во само 8 годиниосвои повеќе од 225 светски beauty награди со својата револуционерна технологија која поставува нови стандарди во индустријата.

Уредите за убавина и нега на лицето LUNA го освоија светот, одговарајќи на потребите кои на револуционерен и паметен начин се грижат за вас и вашата кожа.

Темелното чистење на лицето е првиот чекор од квалитетната рутина за нега, а уредот LUNA 3 го подига овој ритуал на повисоко ниво. Патентираните T-Sonic пулсации и меките силиконски допирни точки во само една минута овозможуваат длабинско и нежно чистење и отстрануваат 99,5% од нечистотиите, потта и остатокот од шминка.

LUNA 3 доаѓа во 3 варијанти – за нормална, комбинирана и чувствителна кожа, а нејзината површина служи за масажа која ја зацврстува кожата со пулсации од посилен и послаб интензитет, го подобрува тенот и ја обновува текстурата на кожата.

Мал, сладок, но моќен – FOREO BEAR е најсигурниот микроструен уред на светот кој дава неинванзивен лифтинг на лицето. Стимулирачката микроструја ја прави кожата еластична и цврста, додека T-Sonic пулсациите ги опуштаат точките со напнатост на мускулите на лицето и ги измазнуваат фините линии. BEAR има 5 микрострујни интензитети, а тренира повеќе од 65 мускули на лицето и вратот. Микрострујата е сигурен и безболен начин за зацврстување на кожата и дефинирање на линиите на лицето, а неговите две микрострујни сфери овозможуваат истовремено прецизно третирање на поголеми површини, но и на секоја брчка поединечно.

Во Македонија, Foreo брендот е достапен во подобро снабдените парфимерии и најголемиот ланец за техника.


*ПР објава