„Си посакувам повеќе да се почитувам себе“: Јелена Спенџарска слави роденден

Познатата водителка Јелена Спенџарска денеска има роденден.

Си посака долг список со желби а првата и најважна според неа е повеќе да се почитува себеси.

Уште рано утрово таа на Инстаграм ја испрати роденденската порака и благодарност до сите кои и упатуваат роденденски честитки.

Спенџарска не ги откри годините, а на фотките испозира со круна на главата „Happy birthday“ .

View this post on Instagram

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska)



„Си посакувам повеќе да се почитувам себе!
- Да не размислувам тоооооолку многу !
- Да уживам во моментот тука и сега !
- Да си ги прославувам малите успеси !
- Си посакувам многу патувања оваа година !
- Повеќе време да им посветам на внуките !
- Да променам адреса на живеење !
Списокот на желби е долг, но верувам дека се ова ќе биде реалност зашто .... едноставно ЗНАМ! Ништо не ме плаши! Поминав низ толку многу работи и добри и не толку баш што најискрено тука пред вас признавам дека секоја пречка во мојот живот само ми ги отвори очите и ме направи уште посвесна за се што се случува околу мене. Сакајќи да им се најдам на сите и да помогнам и да им докажам на некои луѓе дека можам, доживеав неколку непријатни ситуации кои верувајте, ми ги отворија очите и сфатив,ама онака мнооооогу добро сфатив дека јас треба да се докажам единствено пред СЕБЕ ! И сега прочитајте ми ја првата желба .Тука секогаш има работа .
Ви благодарам од срце на убавите желби, за секој убав збор/порака и целата поддршка и убава енергија која си ја споделуваме овде. Оваа година ќе бидеме уште подобри i promise
Happy birthday to me“ - пишува водителката Јелена Спенџарска.


Среќен роденден Јелена!