Симптомите на пролетните алергии се постојани и иритираат: Еве што советуваат експертите
По ред настинки, ред вируси, со цветањето на растенијата овој период, дојде ред и на алергиите. Изминатата недела забележа е зголемена концентрација на полен во воздухот и затоа многумина ги почувствуваа првите симптоми.
Натпросечно топлиот февруари доведе до рано цветање на дрвјата, зголемување на концентрацијата на полен во воздухот и првите проблеми за сите оние кои страдаат од алергии.
За многумина, пролетта е синоним за досадна и упорна алергија, која е доста проблематична. Чешањето, течењето и црвенилото на носот, насолзените очи и постојаното кивање не им дозволува на многу луѓе деновиве да кренат глава, а она што всушност „не им дава мир“ е цветањето на тревите и поленот што моментално лета наоколу, а најчесто доаѓа од јасен, врба и бреза.
Сепак, иако симптомите на алергии на прв поглед изгледаат прилично безопасни, тие можат да создадат пекол во секојдневниот живот на човекот. Имено, многу често доведуваат до нервоза, раздразливост, агресивност, несоница, недоволна концентрација, за што најдобро можат да посведочат луѓето кои се во најблиската средина на алергични лица.
Инаку, највисоки концентрации на полен од дрвја обично се забележуваат во текот на март и април. Најмногу проблеми имаат оние кои се алергични на трева во текот на мај и првата половина на јуни. експертите велат дека за превенција и ублажување на симптомите најбитно е навремено да се започне со терапија.
„Суштината е во тоа кој прв ќе го заземе местото кај рецепторите лекот или поленот. Луѓето не сакаат лекови, кој ги сака на крајот на краиштата. Меѓутоа таа терапија во овој случај, навистина може да помогне. Затоа е доста важно да се започне на време. Многумина велат ма какви лекови, баш ќе видам како ќе се чувствувам, и кога ќе се случи да почнат силни симптоми тогаш веќе е доцна за терапија. Антихистамицините ги користат и возрасни и деца, има уште доста терапии кои навистина помагаат, но, најважно е да се почне на време“ изјави Саша Миличевиќ алерголог.
Фото:freepik