Синди Крафорд, Наоми Кембел и Хелена Кристенсен повторно заедно на модната писта: Погледнете ја спектакуларната Off-White ревија
фото: Profimedia
Синди Крафорд со ќерката Каја Гербер, Наоми Кембел, Хелен Кристенсен, сестрите Хадид, Кендал Џенер, па дури и Серена Вилијамс. Погледнете како изгледаше модната писта на Off-White!
Вчера на модната недела во Париз се одржа првата Off-White ревија откако почина основачот на овој бренд Вирџил Аблох. Емотивниот историски момент го одбележаа сите луѓе чии животи ги допре модниот виртуоз, за да му оддадат почит.
Водечка манекенка беше Наоми Кембел, блиска пријателка на Вирџил, која ја носеше и најновата ревија на Вирџил Абло за Луј Витон. Супермоделите Амбер Валета и Хелена Кристенсен прошетаа на пистата како претставници на старата гарда кои први ги забележаа промените кои Вирџил ќе ги донесе во модниот свет.
Од друга страна, тука беа музите на новата генерација - сестрите Хадид, Кендал Џенер, Адут Акеч, кои заедно со дизајнерот учествуваа во модната револуција.
Едно од главните изненадувања беше Серена Вилијамс, додека Џоан Смолс, Карли Клос и Кендис Сванепул се истакнаа во финалето на шоуто, посветено на екстравагантно вечерно облекување. Исто така, Синди Крафорд и Каја Гербер како мајка и ќерка на пистата ги воодушевија сите присутни.
На шоуто присуствуваше и српската најпозната инфлуенсерка Тамара Калиниќ, како и ѕвезди како Ријана, ASAP, Фарел Вилијамс.
фото: Profimedia