Синот и сопругот ги гледам само за викенди: Тијана се пресели во Скопје

Добивај вести на Viber

Во новата, трета сезона на серијата „Преспав“, германката Ула веќе не е сопственичка туку работник, вели Тијана Дапчевиќ која го игра овој ултра-забавен лик.

„Ула е сега малку побудалена, ја фаќа криза на средни години. Во третата сезона, таа не е сопственичка туку работник, затоа што нели, Наим го купи пансионот. Но, Ула и понатаму е Хилтлер, никој не ја малтреира неа, туку таа исто како и порано нареднички се однесува спрема другите“, ни откри популарната пејачка, музичар и актерка дел од сценариото на третата сезона на „Преспав“ која се снима сега во студиото на МТВ, а ќе почне да се емитува од декември. 

Тијана која со сопругот Мина и со синот Вук живе во Белград, до крајот на октомври е преселена назад во родното Скопје, затоа што „Преспав“ интензивно се снима секој ден. Дапчевиќ вели дека семејството многу ѝ недостасува.

„ Вук и Милан ги гледам само за виекнди. Се договоривме така, тие секој викенд доаѓаат во Скопје. Многу ми фалат, но така ќе биде овој период, додека снимаме. Ќе имам и обврски околу моето шоу „Вечер со Тијана“, кое ќе почне да се емитува од ноември на “1 Тв“, ни изјави Тијана за време на паузата помеѓу две снимања.

Таа е актуелна со новиот хит „Километри“, преработката на песната од Лозано, на српски јазик. Во новиот спот, Тијана е речиси непрепознатлива, со долга коса.

„Така сакаше да изгледам, мојата костимографка и стлиистка. Тоа воопшто не сум јас, но на камера изгледа како милион долари“, додаде Тијана. 

М.Џаровска