Сите брчки на лицето сум ги заслужила: Ени Ленокс отворено за ботоксот
Славната британска пејачка Ени Ленокс и поранешна вокалистка на „Јуритмикс“ за магазинот Good Housekeeping отворено зборува за долгогодишната музичка кариера, за мајчинството, но и за одржувањето на младешкиот изглед со ботокс кој го практикуваат многу нејзини колешки.
- Не ги осудувам жените кои одлучиле на таков начин да изгледаат нереално. Ако благодарение на козметичките третмани психолошки се постабилни, тоа е нивен избор. Имам 64 години и брчки, па што? Своите линии на лицето сум ги заслужила. Притисокот со кој се соочуваат жените секогаш да изгледаат совршено е преголем. Во овој стадиум од животот здравјето го сметам за најголем дар - раскажува во интервјуто 64-годишната пејачка.
Зборувајќи за достоинствено стареење, Ленокс тврди дека никогаш не била на третман за подмладување со ботокс, ниту пак на фејслифтинг.