СИТЕ ДВА РЕНТГЕН АПАРАТИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР НЕ РАБОТАТ ДЕСЕТТИНА ДЕНА: Пациентите „трчаат“ да се снимат приватно или во Градска болница

Добивај вести на Viber

Повеќе од десеттина дена рентегн апаратот на Институтот за радиологија не работи. Извори од Институтот за Фактор велат дека апаратот се сервисира, а за тоа време пациентите ги препраќаат или во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна градска болница) или во ГОБ „8 Септември“. Но, многумина од нив снимки прават и во приватните здравствени институции.

„Се расипа, на сервисирање е веќе 10 дена. Огромен број на пациенти има на кои им е потребно рентгенско снимање и сите се тука. Од цел Клинички центар ваквата дијагностика се прави тука, на Институтот за радиологија. Пред извесен период рентег апаратот на работеше во градска болница, па и тие пациенти беа препраќани кај нас. Не се знае колку пациенти изминаа на тој апарат. Нормално е да се расипе. Сега ние мора да ги препраќаме пациентите во другите установи каде што се прави рентегн снимање. Трагично е што во клиничкиов центар не работи ниту апаратот на Хируршките клиники, па мора да одат или во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна градска болница) или во ГОБ „8 Септември“, велат извори на Фактор од Институтот за Радиологија.


Детали читајте на Фактор тука.