Сите ги знаат нејзините песни, но не и нејзината судбина: Маја Беровиќ пораснала без татко, а сопругот го запознала на само 17 години

Пејачката Маја Беровиќ никогаш не ја градела кариерата на скандали, а интересно е што нејзината животна приказна навистина личи на филм.

Во февруари годинава таа стана мајка на синот Лав, кој го доби со нејзиниот сопруг, а интересно е што се заедно цели 17 години. Нејзиниот сопруг Ален Драгосав не сака да се експонира во јавноста, а пејачката го запознала кога имала само 17 години.


- Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше на повидок, бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо вљубена во човек кој доаѓа на моите настапи - изјави еднаш Маја.

Почнале да се забавуваат, а многу брзо и да живеат под ист покрив.

- По некое време сфативме дека не можеме така и дека премногу ни е важно за сè само да остане на платонска љубов. Брзо донесовме одлука да живееме заедно, што беше тешко да ѝ кажам на мајка ми, која е самохрана мајка и за која беше болна разделбата со нејзиното женско дете толку рано. Сепак, таа не застана на патот на мојата среќа. - раскажа Беровиќ.


- Ален финансиски и морално ми помогна да го издадам мојот прв албум. Сега, неколку години после тоа, јас сум жена која може сама да инвестира во кариерата - откри таа.

Тие се венчаа во 2016-та година во православна црква во Грција, а во тоа време сè уште не беше толку популарна како во годините што следеа. Инаку, пејачката е позната по тоа што кариерата никогаш не ја градеше на скандали, туку исклучиво со добри песни без кои не може да се замисли ниту една прослава на Балканот.

Своевремено, Маја изјави за „Puls Online“ дека никогаш не сакала преку кратенка до успех.

- Не правам ништо скришно или тајно, ниту се плашам од нешто. Немам мрачни тајни што можат да се појават. Тоа не значи дека имам ништо против тој начин на градење кариера или против луѓето кои ги градат на тој начин. Сите го избираме својот пат онака како што мислиме дека е најдобар. Не сум од оние кои го избираат полесниот пат и сакаат нешто преку ноќ. Сакав квалитетно да градам кариера и чекор по чекор да одам до врвот, бидејќи убедена сум дека само така можеш да одржиш и да направиш сериозна кариера. Кога ќе погледнам зад мене, повторно би направила сè, повторно би го направила истото – изјави пејачката.

Инаку, таа пораснала во Малешиќи, босанско-херцеговска населба, а ја воспитувала нејзината самохрана мајка.

- Ја имав таа несреќа што го загубив татко ми на три години, и колку и да се трудеше мајка ми да живееме нормално и да имаме сè што ни треба, тој секогаш недостасуваше. Сакам да се сеќавам на моето детство, бидејќи бев навистина среќно дете, без разлика на околностите. Секогаш имав блиски односи со мајка ми. Таа отсекогаш ми беше најдобра пријателка и таа е некој на кој можам да кажам сè и да побарам совет. Секогаш кога ми дозволуваат обврските, одам да ја посетам во Босна каде што живее и некако тогаш, без разлика на годините и успехот, се чувствувам како дете, бидејќи како што велат, кај мама е најдобро. Имам брат со кој имам исклучително добар и квалитетен однос - сподели дел од својата интимност, Беровиќ.


Уште во средно училиште знаела дека ќе се занимава со музика и имала голема поддршка од тетка ѝ, но не и од мајка ѝ. Како што постојано се истакнувала, нејзината мајка протестирала за нејзиниот избор, но кога сфатила колку сериозно го сака тоа, ја поддржала.

Секако, покрај поддршката од најблиските, никогаш не ѝ недостигала поддршката од Ален, а нејзината популарност експлодираше по соработката со познатото дуо - Џала Брат и Буба Корели, иако претходно блиско соработувала со Дамир Хаднановиќ.

- Јас и Дамир веднаш добро се разбравме. Тој тогаш точно знаеше што ми треба и ми го понуди. Успехот на албумот „Djevojka sa juga“ говори сам за себе. Тогаш, некако, мојата кариера тргна во нагорна патека. Со тој албум, по песната „Djevojačko prezime“, која беше увертира за сè, направив навистина голем чекор во кариерата и за тој успех некако е заслужна целата екипа. Во тој момент ми се наредија коцките - рече Беровиќ и додаде дека секогаш избира песни кои ќе ѝ се допаднат на публиката.


Но, иако и самата пее за конзумирање алкохол и слично, пејачката во неколку наврати истакнала дека не пие, не пуши и не се дрогира, а единствен порок ѝ е гардеробата.

- Имам многу и постојано купувам. Како и секоја жена, без разлика на полниот плакар, речиси никогаш немам што да облечам - се пожали пејачката низ насмевка.



Извор: wanted.mondo.rs