Сите ја правиме оваа ужасна грешка при перење на облека
Многу луѓе не знаат,
но постои едно многу важно правило што мора да се следи
Кој не знае како да вклучи машина за перење? Овој уред влезе толку многу во нашите секојдневие што тешко можеме да го замислиме животот без него.
Ретко се случува да испереме нешто на рака (најчесто ново парче облека, или специфична ткаенина) и тоа е прифатено како ужасно вознемирување. Скоро секој ден во домаќинствата се вклучува по барем една машина за перење облека, домаќинките ќе кажат дека тие знаат како се перат алишта и кои детергенти се најдобри или најлоши, но и најголемите мајстори прават огромна грешка при перењето со овој апарат. Многу луѓе не знаат, но постои едно многу важно правило што мора да се почитува при перење облека. Дали ја правите вие оваа грешка?
Многу луѓе мислат дека при изборот на програма, најчесто температурата на која се пере облеката треба да биде висока, бидејќи мислиме дека зовриената врела вода ги отстранува дамките и сите бактерии умираат.
За жал, ова не е секогаш добро. Ако имате добра машина за перење и правилно избран детергент, тогаш нечистотијата ќе исчезне на многу пониски температури.
Важно е да се знае дека облеката ја задржува својата форма подобро во ладна вода. Истото може да се каже и за машината за перење. Работи многу подолго и подобро ако ја користите почесто на пониски температури.
Веројатно многумина од вас се прашуваат зошто тогаш има температура од 60 степени, на пример. Само нештата што треба да се дезинфицираат - постелнина, крпи, пелени - треба да се перат на овие температури. 90 степени е за перење и дезинфекција на многу извалкана постелнина и памучна облека.
За сите други ткаенини, максималната температура при перење на облека треба да биде 30-40 степени.