Скандинавските бранови се хит фризура ова лето: Направете ја без да одите во салон

Добивај вести на Viber

Летна фризура усвоена од холивудските ѕвезди

Актерката и музичка ѕвезда Зендаја, како и Софи Тарнер на Мет Гала ја промовираа фризурата која ова лето стана хит.

Станува збор за таканаречените скандинавски бранови, модерна верзија на холивудските бранови, овој пат поопуштени и разбушавени. Косата е малку скршена, а брановите се поблиску еден до друг отколку во холивудската верзија на оваа фризура.

Можете да ги направите со пегла за коса, но има и многу поедноставна и подеднакво ефикасна верзија - навечер направете плетенки кои наутро само ќе ги отплетете и слободно ќе ги оставите прамените да паѓаат.

- Изгледот на фризурата е помалку стилизиран, флуиден и опуштен - вели стилистот на славните Сид Хејс.

- Само обидете се да го задржите волуменот на корените, бидејќи косата не треба да биде премногу исправена.

View this post on Instagram

A post shared by Zendaya (@zendaya)


Како да направите скандинавски бранови?

Навечер измијте ја косата, а потоа исплетете ја во плетенки. Направете повеќе плетенки од потенки прамени коса за да создадете повеќе мали бранови кои ќе личат на фризура на сирена.

Наутро внимателно отплеткајте ја косата и лесно испрскајте ја со лак. Внимавајте да не претерувате со количината на лак, за косата да не изгледа заматено.


Фото: Инстаграм - Зандаја

Можеби ќе ве интересира:

Модерни фризури за жени над 50 години: Овие потези со ножици одземаат десет години од вашето лице (ФОТО)