Скапа чанта и стил за 10-ка: Бриџит Макрон импресионира (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, безброј пати се најде на листата на најдобро облечени жени, а со најновиот стајлинг уште еднаш ја докажа својата наклонетост кон јакните и парчињата со потписот на брендот Луј Витон.

Фото: Profimedia

Позната по импресивната колекција на сакоа со копчиња, Бриџит овој пат се одлучи за сива верзија на нагласени раменици, кои ги комбинираше со панталони со „цигара“ крој.

Првата дама на Франција успешно го разби сивилото кое го истакна со класичниот модел на костим и салонки, додавајќи шарена марама, но и со двобојната чантата „City Steamer“ со потписот на нејзиниот омилен моден бренд Луј Витон.

Фото: Profimedia

Споменатата чанта, креирана од актуелниот дизајнер на куќата, Николас Гескиер, е достапна и во темносина боја, но таа ја „прошета“ одамна, уште пред две години.

Извор: www.espreso.co.rs