Скопје дел од мисијата на Клер Мекфларен: Жртва на сексуално насилство со неверојатна приказна
Клер Мекфарлен (Claire McFarlane) е основач на организацијата MOVEMENT TO INSPIRE, глобална инклузивна, спортска иницијатива која има за цел да стави крај на сексуалното насилство по мирен пат. FOOTSTEPS TO INSPIRE, главниот проект на организацијата, каде Клер трча точно 16 километри на кејовите или крајбрежјата во секоја земја на светот има за цел да отвори дијалог околу сексуалното насилство преку кој би се помогнало да се стави крај на овој проблем, локално и глобално.
Клер ја започнува организацијата инспирирана од сопственото искуство и траума во 1999 година кога е брутално силувана и оставена за мртва на улиците на Париз. Но таа успева да преживее, по што следи 16 годишна борба со францускиот судски систем, која конечно завршува со нејзина победа во 2015 година. 16-те километри ја означуваат нејзината 16 годишна борба со францускиот судски систем, но и желбата за ненасилно ставање крај на проблемот со сексуално насилство. Преку споделувањето на нејзината приказна јавно, таа стана гласот на огромен број жртви на сексуално насилство, но воедно и надеж дека светот може да стане безбедно место за живеење. Таа одбира еден различен начин за да зборува за сексуалното насилство, а тоа е спортот. Спортот обединува и многу често ги поврзува луѓето и им дава платформа за да изразат став. Повеќе за нејзиното искуство и приказна, можете да чуете и во нејзиниот TEDx говор:
АКТИВНОСТИТЕ НА FOOTSTEPS TO INSPIRE ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Проектот FOOTSTEPS TO INSPIRE е инклузивен проект, активно помага и придонесува да се реши проблемот на сексуалното насилство глобално, но секако и на локално ниво инспирирајќи ги локалните заедници за активно справување со овој проблем. Во секоја земја каде Клер патува со проектот, во соработка локални организации, таа лично ја споделува својата приказна и преку подигање на свесноста на различни нивоа, се труди да ја оствари целта на проектот, но воедно и да помогне на жртвите на сексуално насилство во конкретната земја.
До сега, со FOOTSTEPS TO INSPIRE, Клер посетила 46 земји, а Република Северна Македонија ќе биде 47-ма. Таа во Скопје доаѓа на 28 мај (вторник) и до 1 јуни ќе се сретне со организациите кои ќе и понудат поддршка за да ја сподели својата приказна со различни целни групи. На 1 јуни пак, како и во претходните 46 земји, таа ќе трча 16 километри, овој пат на кејот на реката Вардар, заедно со сите оние кои ќе сакаат да и се придружат.
КЛЕР ЌЕ ГИ ТРЧА МАКЕДОНСКИТЕ 16 КИЛОМЕТРИ ВО СКОПЈЕ НА 1 ЈУНИ
Во име на проектот и во име на Клер, би сакале да ве поканиме да и’ се придружите на
1 јуни (сабота) и заедно со неа да ги истрчате (изодите, извозите со велосипед...) 16-те
километри и да ја поддржите.
Таа ќе трча на кејот на Вардар, а стартот ќе е во близина на Паркот на Франкофонијата.