Скопски моден фестивал премиерно во Скопје Сити Мол

Добивај вести на Viber

Првата сезона на најголемиот моден настан во метрополата ќе се одвива во трговскиот центар од 4 до 27 март. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата.

Цел нареден месец градот Скопје ќе пулсира во ритамот на модата. Епицентар на случувањата е трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде од овој петок (4 март) започнува првото издание на Скопски моден фестивал, нова забавна манифестација за сите љубители на убавиот дизајн, уметноста и музиката. Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници.

Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник)  во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници.

„Скопје Сити Мол, како главен партнер и покровител на Скопски моден фестивал, ја споделува визијата на организаторите за нова, поинаква и пред сèуспешна модна приказна во метрополата. Скопје Сити Мол е единствениот трговски центар, не само во државата, туку и во регионот, што во моментот ги отвора вратите и дава максимална поддршка на сите припадници на независната креативна сцена, нудејќи им простор и цел спектар на можности да ги промовираат своите дела пред нашите посетители и пошироката публика.“ – истакнуваат од менаџментот на SCM.

Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќи Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово).

Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часотво Скопје Сити Мол.


ПР објава