„СКРИЕН ОМИКРОН“-ПОДВИДОТ ТЕШКО СЕ ДЕТЕКТИРА СО ПЦР, НО НЕ Е ПООПАСЕН: Нѐ очекува едно „ново нормално“ во следниот период-вели проф. Даниловски

Добивај вести на Viber

Веќе се потврдуваат тврдењата на Светската здравствена организација дека омикрон нема да биде последната варијанта. Сега во во Европа забрзано се шири нов подвид, но еминетниот епидемиолог, професорот Драган Даниловски во разговор за Фактор посочува дека нема место за паника, зошто која било следна варијанта на корона вирусот нема да предизвика катаклизма.

-Сите РНК вируси постојано мутираат. Така и короната. Европа стекнува сѐ повисоко ниво на имунизираност. Било која следна варијанта на вирусот практично е невозможно да предизвика катаклизма, освен, можеби, привремен пораст на нови случаи, кој нема значајно да го ремети секојдневието. Така е и со подваријантата на омикрон БА.2, која досега е регистрирана во најмалку 40 земји. Потешко се детектира со ПЦР тест, заради што некои ја нарекоа „скриен омикрон“ (stealth omicton). Засега се смета дека не е поопасен од омикрон (кој носи ознака БА.1). Како што кажав, вирусот си има особина постојано да мутира и можна е појава на нови соеви. Но, малку е веројатно тој сој да биде посмртоносен. Се разбира, освен ако однекаде не се појави сосема нов вирус! Но, тоа би била сосема друга приказна..., смета проф. Даниловски

Детали читајте на Фактор тука.