Слаткото од љубеница е хит сезонава: Се прави супер брзо и по рецепт на нашите баби
Лубеницата е еден од омилените начини на многу луѓе да се
разладат и освежат за време на овие неподносливи летни горештини. Сепак, дали
некогаш сте пробале слатко од
лубеница?
Ако не сте, можеби сега е време. Рецептот е едноставен, се прави многу брзо и лесно, а главната состојка е нешто што секогаш го фрламе кога јадеме лубеница - кората.
Потребни состојки:
-3 кг. кора од лубеница, исчистена
- 3.кг шеќер
-1 литар вода
-1 лимон
Начин на подготовка:
Добро измијте ја лубеницата и излупете ја.
Потоа исечете ја лубеницата на кришки, а потоа извадете ја средината за да остане само кората (со многу малку од средината). Исечете ја кората на мали коцки.
Истурете вода во големо тенџере и почекајте да зоврие. Кога ќе зоврие додадете ги коцките. Штом водата повторно зоврие (неколку минути), тргнете ја од оган и процедете (коцките нека останат во сад). Повторно ставете ја тавата на шпорет и повторно сипете топла вода, почекајте да зоврие, па повторно додајте ги коцките. Постапката повторете ја вкупно 9 пати.
Откако ќе ги сварите коцките лубеница во 9 води и ќе ги тргнете на страна, истурете литар вода во тавата и постепено додавајте шеќер со постојано мешање (вака шеќерот убаво ќе се стопи, без грутчиња). Кога ќе зоврие оставете да се крчка околу 30 минути. Потоа додадете ги коцките лубеница и оставете да се вари околу еден час. На половина од готвењето додадете го лимонот исечкан на прстени и каранфилчето. Кога слаткото целосно ќе се излади, ставете го во тегли.
Фото: Youtube - screenshoot/freepik
Генијален трик без грешка: Само вака сигурно ќе изберете слатка и зрела лубеница