Смеат ли бремените жени да ја фарбаат косата

Добивај вести на Viber

Постои непишано правило дека бремените жени не треба да ја фарбаат косата за да хемикалите не им наштетат на бебињата. Дали ова е точно?

Бремените жени се грижат дека хемикалите во фарбата ќе влијаат на бебето. Докторите велат дека количината на тие хемикали не можат да наштетат на бебињата.

Докторите велат дека фарбата не е долго време во контакт со кожата за да состојките се апсорбираат до крвотокот.

Дерматолог тврди доколку имате исекотина или рана на кожата на главата, тогаш ќе се апсорбираат малку повеќе хемикали. Но, иако не сте бремени не е препорачливо да се фарбате ако имате исекотина или рана на кожата на главата.

Некои тврдат дека не треба да се фарбате во првите три месеци од бременоста, а други тврдат дека нема потреба толку да чекате.

Професорите на Универзитет во Калифорнија велат дека луѓето така мислат зошто во првите три месеци се формира фетусот.

Главен проблем со кој може да се соочите, без разлика дали сте трудница или не, е алергиската реакција од производот кој доаѓа во контакт со кожата.