Снеже Велков праша кои нешта ги прават типични македонски семејства: „Да направиш кујна од 2.000 евра и да готвиш на тераса“

Добивај вести на Viber

Времињата се менуваат, сѐ полека но сигурно се модернизира, но пак има нешта кои остануваат, особено навиките кои сме ги наследиле од родителите, бабите и дедовците..... а пред сѐ спомените.

Познатата наша водителка и инфлуенсерка Снеже Велков не ретко знае да ја погоди јавноста со некое прашање кое најчесто го поставува на Инстаграм, па така и овој пат со прашањето за: „Што има или што се прави во типично македонско семејство?“ таа ги потсети своите следбеници на многу нешта....  

Нејзините следбеници ѝ вратија многу интересни одговори, кои особено кај повозрасните ќе разбудат голем број на спомени од детството и младоста. 

Ја потсетија дека типично македонско семејство најчесто вари, односно готви грав за ручек во петок, дека просечно македонско семејство има секогаш нов ексцајг, кој се употребува исклучиво кога се има гости, но исто така има и секогаш нов пар на нови чаши или шолји кои не се употребуваат за секојдневна употреба туку само за пред гости, а секојдневно се пие кафе или вода од распар чаши или шолји за кафе кои сме ги добиле како рекламен материјал. 

Исто така следбениците ја потсетија Снеже и за употребата на јамболии и черги, но и за наследството на нови ќебиња, плетени милиња и други работи од нашите баби, кои спремиле чеиз за своите внуци. Повеќе погледнете во ГАЛЕРИЈАТА: 

Фото: Инстаграм - Снеже Велков