Снимка открива каква е Јована Јоксимовиќ кон вработените: Се појави приватно видео од бекстејџот кое ги изненади сите

Кога излезе на сцената, им се насмевна на снимателите и на продуцентите и покажа дека е нешто сосема поинаку кога ќе се изгаснат камерите...

Телевизиските настапи на Јована Јоксимовиќ секогаш имаат сериозна нота, а и гледачите покрај малите екрани знаат да се испотат додека гледаат, а само да замислат како им било на гостите во тие моменти.

Нејзините емисии се гледаат токму затоа што таа секогаш го добива она што го сака од гостите, но никој не може да побегне од впечатокот дека е премногу сериозна и дека гостите пред неа не можат да се опуштат, што остава впечаток дека таа е таква дури и кога камерите се гасат.



Вообразеното мислење за неа го демантира видеото од бекстејџот кое се појави на нејзиниот Инстаграм, а кое открива како изгледа нејзината подготовка за шоуто.

Таа е опуштена и љубезна кон тимот шминкери, на кои дури им дозволи да се снимаат и да се објави видео на социјалните мрежи (што многу ѕвезди не би го дозволиле). Кога излезе на сцената, им се насмевна на снимателите и на продуцентите и покажа дека е нешто сосема поинаку кога ќе се изгаснат камерите.

Погледнете како тоа изгледаше!