Со години не знаелa дека е ќерка на познатиот пејач: Средбата со нејзината полусестра на концертот и ги отворила очите

Ќерката на Стивен Тајлер, фронтменот на култниот бенд Аеросмит цел живот не знаела кој и е татко.

Лив Тајлер 43 години живеела без да знае чија ќерка е, а кога ја видела неговата друга ќерка, во неа ја видела својата близначка. 

Таа сфатила кој е нејзиниот татко уште пред да и биде соопштено официјално.

- Тоа е многу емотивна приказна - рече актерката пред две години во една емисија. - Мајка ми беше многу млада кога ме роди и имаше некои сомнежи, но јас бев многу сакана и целото мое семејство се грижеше за мене, што беше прекрасно.

Лив, чија мајка е американската пејачка Бебе Буел, објасни дека разбрала кој е нејзиниот татко уште пред да и биде соопштено официјално, а за сето тоа е виновна една трогателна средба за време на концертот.

„На некој начин, јас и самата сфатив, бидејќи тој изгледаше исто како мене”, рече Лив. - Јас и сестра ми Миа, која е една година помлада од мене, стоевме на различни страни на сцената на концертот и беше буквално како да го гледам мојот близнак.

Таа со поглед побарала потврда од својата мајка, која како да и ги прочитала мислите.
View this post on Instagram

A post shared by Steven Tyler (@iamstevent)


-Изгледаше исто како јас. Ја погледнав мајка ми, а нејзините очи беа полни со солзи и, на некој начин, сама поврзав се.

Актерката е родена како Лив Рудгрен и додека Стивен не ја признал како свое дете, ја воспитуваше Тод Рудгрен, партнер на нејзината мајка во тоа време.

- Тој имаше прекрасно влијание врз мојот живот и сè уште го сметам за татко.


Фото: Screenshoot/Instagram