Со месеци ја игнорирала „безопасната“ надуеност: „На лекар се јавив предоцна“

Добивај вести на Viber

Сите ние одвреме-навреме страдаме од болки во стомакот и во повеќето случаи тоа не е ништо загрижувачко.

Но, една жена сега ги повикува другите да обрнат големо внимание на сигналите на нивното тело откако и е дијагностициран рак на јајниците.

Клои Етериџ почнала да се чувствува лошо во декември 2021 година. 24-годишната девојка рече дека едноставно ги игнорирала симптомите како надуеност и тешкотии во јадењето додека стомачната болка не станала неподнослива.

Таа не го посетила својот лекар до април 2022 година, неколку месеци откако првпат започнале симптомите. Клои вели: „Ги игнорирав сите тие работи - што не беше правилна одлука. „Во април имав силни стомачни болки, па морав да одам во итната медицинска помош и открив дека имам тумори на јајниците. Едниот беше долг 18 см, а другиот 11 см.

„Помеѓу април и јули знаевме дека нешто не е во ред со мене, но не знаевме точно каква е мојата дијагноза и траеше три месеци“.

На 11 јули 2022 година, на Клои и е дијагностициран рак на јајниците и ѝ е кажано да ги спакува куферите и да оди на хемотерапија.

Клои вели дека и олеснало кога ја добила дијагнозата, додавајќи дека чекањето било тешко, особено знаејќи дека како одминувало времето, туморот само станувал се поголем.

„Мислев дека ќе биде навистина филмски момент кога ќе одиш на лекар со мајка ти и ќе плачеш - но не беше ништо така“, рече Клои, објаснувајќи дека веднаш ги презела сите можни мерки и решила да се бори.

„Докторот рече дека тоа е една од најагресивните форми на хемотерапија што може да ја препишат и дека е достапна само во две болници во ОК. „Беше неверојатно брутално. Мојата хемотерапија имаше седум различни хемиски компоненти. Несаканите ефекти беа ужасни, имав гадење, замор, губење на слухот - сè уште не можам да слушам некои фреквенции сега.

На 12 јануари оваа година, Клои имала операција за отстранување на што е можно повеќе од двата тумора. Таа рече дека процедурата поминала „навистина добро“ и дека „се очекува целосно да се опорави“.

Додала и дека смета оти жените не ги препознаваат симптомите на опасната болест и дека веројатно не се доволно информирани. Никогаш не треба да ги игнорирате надуеноста и болките во стомакот.