СО НОВ ДРЕС ДО НОВИ ПОБЕДИ – РФМ го промовира новиот дрес пред настапот на мундијалот во Германија и Данска

Навивај со новиот дрес потпишан од твојот омилен репрезентативец.

Со новиот дрес кој официјално ќе биде промовиран од страна на најуспешната спортска фендерација во Македонија, во четврток (03.01.2019 г.) нека продолжи приказната која оваа репрезентација една деценија во континуитет ја раскажува во Европа и светот.

Ракометната федерација на Македонија и партнерот на нашите најдобри ракометари, Д спортска опрема, како генерален застапник на брендот Хумел, Ве покануваат на промоција на новиот дрес со кој нашите репрезентативци ќе настапат на престојното Светско првенство во Германија и Данска.

Се гледмае во 14.00 часот во продавницата на Д спортска опрема (спортска арена " Филип Втори")

Секој што ќе дојде и ќе купи од промотивните дресови, по цена од 1119 денари, со кои за прв пат ќе настапат нашите репрезентативци на престојниот Мундијал, ќе има можност истиот да му биде потпишат од нив. Ова е еден од ретките моментите за дружење со нашите најдобри ракометари .

Биди најгласниот осми играч.

Со новиот дрес до нови победи!