СОЛ: Колку треба да внесуваме дневно?

Добивај вести на Viber

Според различни истражувања, правени низ годините, научниците се категорични дека солта е важна состојка на нашето мени, само треба да ја употребуваме балансирано.

Солта е важна и вредна состојка во нашето здраво мени. Излегува дека, сепак, често луѓето претеруваат со неа, бидејќи се крие насекаде - како во домашно подготвената храна, така и во колбасите, чипсовите. 

Некои тврдат дека 3,75 g е максимално дозволено, а други дозволуваат до 6 g дневно.

Прекумерното користење сол може да резултира со:

- Задржување на течности - вишокот на вода во телото се задржува во масните клетки, што доведува до појава на целулит и до клеточно дехидрирање

- Вишокот количество сол треба да биде обработено од бубрезите, што ја отежнува нивната работа и го зголемува ризикот од појава на камења во нив

- Се зголемуваат ризиците и од прекумерна тежина, од развој на кардиоваскуларни болести, дијабетес, влошување на видот и 

- Премногу сол може да предизвика не само до киселини, туку  и до долготрајно оштетување на дигестивниот тракт (чир и др.)