Сонува да оди по леб со велосипед: Џеј Ло откри за каков живот фантазира

Ако мислевте дека суперѕвездите во светот уживаат во нивната мегапопуларност, се лажете - не им е секогаш полесно од нас.

Во текот на својата триесетгодишна кариера, Џенифер Лопез оствари многу соништа: има снимено голем број музички албуми, глуми во успешни холивудски филмови, одржа високо посетени концерти, освои бројни признанија ... Сепак, некои од нејзините желби ќе останат вечно неиполнети, бидејќи папараците ја следат на секој чекор.

Таа раскажа дека замислила да ја напушти Америка и да се пресели во помал италијански град или на Бали, каде ќе живее едноставен живот и ќе ужива во малите работи што го сочинуваат секојдневието на обичниот човек.

- Би изградила живот што е поедноставен. Би одела со велосипед да купам леб, да го ставам во корпа, да си одам дома, да намачкам џем, да јадам, да сликам или да седам во лулашка и да уживам во погледот на маслиновото или дабовото дрво и да ги мирисам. Имам такви фантазии- откри Џеј Ло.

Пејачката и актерка ја сподели оваа неочекувана исповед во интервјуто за „Венити фер“, во кое откри дека му дава предност на филмот во кариерата.

- Јас би рекла дека танцот и музиката се мојата прва љубов, но глума е љубовта на мојот живот- заклучи таа.