Сопруг ја напуштил жената по тешка несреќа, не го очекувал нејзиното враќање на ваков начин (ВИДЕО)

Сопругот ја напуштил младата сопруга по тешка несреќа кога таа се здобила со тешки изгореници по лицето и телото, но таа се вратила посилна од било кога.

На 30.9.2016 Кортни Волдон доживеала голема несреќа. Пожарот на кампирање ја зафатил нејзината облека и телото, нанесувајќи и страшни повреди.

Нејзиниот сопруг отишол да долее бензин во огнот, но пожарот уште повеќе пламнал и ја совладал Кортни. Младата мајка, која тогаш имала само 27 години, се здобила со тешки изгореници на 40% од лицето и телото.

Кортни била подложена на неколку процедури за трансплантација на кожа, седум операции и поминала 51 ден на интензивна нега. Во следните две години, лекарите процениле дека ќе бидат потребни уште 12 операции.

Две недели откако била пуштена од болница, нејзиниот сопруг ги оставил неа и нејзината 4-годишна ќерка Керолин. Кортни немала никакви приходи. Бидејќи претрпела тешки и потенцијално трајни повреди на рацете, можеби никогаш повеќе нема да може да работи.

Медицинските сметки се натрупале а Кортни била принудена да го напушти својот дом. Таа и Керолин повеќе немале дом. Биле бездомници.

Но, кога црквата и заедницата слушнале за нејзината приказна, решиле да дејствуваат и да направат нешто незамисливо за мајката и нејзината ќерка. Нивната прекрасна работа ѝ ја вратила вербата во луѓето.

Погледнете го видеото за да добиете увид во целата приказна на оваа мајка. Кортни моментално прифаќа какви било парични донации преку страницата GoFundMe.