Сопругата на Меси важи за најскромна, секогаш природна и насмеана: Во фустан од 99 долари, ги собори сите од нога во Катар (ФОТО)
Многу сопруги на фудбалери никогаш не би го погледнале овој фустан само поради неговата цена.
Сопругата на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, Антонела Рокоцо важи за една од најубавите сопруги на фудбалерите. Таа завчера пристигна во Катар за да го бодри својот сопруг од трибините и на својот Инстаграм профил покажа дека ужива во друштво на својата најдобра пријателка Софија Балби, која е сопруга на уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез.
Антонела се одлучи за фустан на познатиот калифорниски моден бренд Испејс. Фустанот е во портокалова боја, со прерамки, а особено впечатлив е исечениот дел на стомакот.
Неговата цена е 99 долари или околу 6.000 денари.
Антонела уште еднаш беше пофалена на социјалните мрежи дека е секогаш природна и насмеана. А со својата манекенска линија слободно може да се пофали и по три деца.
Приказната за Антонела и Меси започнала од нивното детство, тогаш го запознала. Сепак, парот се венча на луксузна церемонија дури во 2017 година по повеќе од десет години врска.
Нивниот брак претрпе различни кризи, но на крајот љубовта победи.
извор:najzenaЗапознајте ја Симона Аврамова - Македонката која беше задолжена за косата и шминката на Лео Меси за историската фотка која го обиколи светот
Сопругата на Меси се појави во Париз во костим што ретко се гледа: Долниот дел од облеката тесен како хеланки, а во раката чанта од 4.000 евра (ФОТО)