Имав дечко кога сопругот го запознав: Гордана Силјановска се врати во младоста
Гордана Силјановска-Давкова, деновиве е една од најактуелните имиња во светот на политиката како единствена жена кандидат за Претседател. Со нејзината професионална биографија домашната јавност речиси да е запознаена, но ретко кој ја знае онаа другата страна, приватната.
Во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ, откри дека со својот сопруг се запознала тогаш кога била во врска со друг маж
,, Јас бев трета година гимназија, тој исто така. Се сретнавме на некоја забава, предновогодишна. Јас не бев сама, бев со мојот дечко. Тој на излегување му кажал: Јас ќе и се додворувам на девојката. После подолго време, се сретнавме, па ме покани на друга забава и тоа прерасна во долга врска..."
Во истото интервју, таа раскажа дека ужива во времето поминато со домашните миленици.
,, Сакам да се дружам со кучето и мачето, бидејќи тие ми помагаат да се соочоам со секојдневните проблеми", изјави Силјановска. Целиот разговор е во видеото во продолжение.