„Сопругот ми дава 14.000 денари месечно за чистење на куќата, а сето тоа оди во мојот џеб“: Многу жени го прават ова, причината е загрижувачка
Една жена по име Бријана на „Тикток“ раскажала дека нејзиниот сопруг ѝ дава 250 долари месечно, што би биле 14.000 денари, за трошоци за чистење на куќата, а тие пари ги издвојува за свој џеб. Коментарите предизвикани од нејзината приказна открија сериозни проблеми за некои жени.
На први во месецот 250 долари доаѓаат од банкарската сметка на мојот сопруг. Тоа е за нашата чистачка. Куќата се чисти темелно на први секој месец. „Барав чистачка пред години кога бев бремена и повраќав 10 пати на ден додека се грижев за нашето едногодишно дете“, вели таа. Тие се согласиле да се оставаат настрана 250 долари месечно.
„Она што тој не го знае е дека јас сум таа која длабоко ја чисти куќата секој прв ден во месецот. Само ги ставам парите во џеб. Мислам дека тие пари ќе ги искористам за да најдам ново, скапо хоби. Мојот сопруг изгледа како да не му пречи“, додаде таа и видеото го нарече: „Има ли некој препорака за скапо хоби?“.
Многумина ѝ се заблагодарија што ја подигна свеста за важноста да се поседуваат сопствени пари.
@themamabrianna #wivesoftiktok #wifelife #cleantok #cleanwithme #sahm #stayathomemom #sahw #marriedlife #marriagegoals #husbandsbelike #golfwife
„Јас и мојот сопруг се разделивме пред една година и тој ме исфрли од дома. Немав пари, посакувам да го направев ова“, „И јас го правам тоа. Велам дека чистачката ги зголемува цените. Секогаш е добра идеја да имаш пари да избегаш од дома во случај навистина да ти требаат“, коментираат жените.
Многу проблеми всушност покрена оваа тема - прашањето за важноста секоја жена да има свои пари, но и постојан извор на приход, што ја покренува важноста на можноста да се најде тој извор и да биде во согласност со она што жената сака да направи. За жал, проблемот со насилството не ја губи својата актуелност, а насилството секако вклучува и исфрлање од дома.
Извор: zena.blic.rs