Сораја прв пат со кратка коса: Старлетата шокираше со оваа промена (ФОТО

Добивај вести на Viber

Старлетата Сораја Вучелиќ која редовно шокира со објави на социјалните мрежи, или поради прекумерна употреба на фотошоп, или поради нови операции или провокативни изданија, ја покажа новата фризура и ги изненади своите следбеници. Старлетата во ова издание ја немаме видено сепак, имајќи предвид дека отсекогаш носела долга коса, но очигледно е дека Сораја собрала храброст да направи голема промена - ја скрати косата!

View this post on Instagram

A post shared by (@sorajavucelic)


Таа сега има коса над рамениците, а позираше во розев фустан без градник и не пропушти да ги покаже своите атрибути покрај фризурата.

Огромните силикони и овојпат беа во преден план, а со новиот изглед на англиски напиша:

„Името на оваа фризура е неволја“.

View this post on Instagram

A post shared by (@sorajavucelic)


Да потсетиме, Сара Вучелиќ, попозната како Сораја, последните неколку години е во таканаречена „медиумска илегала“.

Но, таа неодамна во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“ откри како моментално живее и дали ѝ недостига Србија, со оглед на тоа што повеќе не може да влезе во земјата поради забраната за влез.

View this post on Instagram

A post shared by (@sorajavucelic)


- Знаете како, јас живеам на релација Дизелдорф-Москва. Имам компании во Германија, повеќе уживам во Москва, но ми се допаѓаат и нашите места. Јас не сум тип кој сака да излегува, повеќе сакам на ручек, вечера, патувања со пријателите. Јас сум вечен авантурист. Дури и кога живеев во Белград, не знам дали бев на исто место 10 дена, тоа ќе го правам цел живот. Ја сакам Србија, тоа е најубавиот период во мојот живот. Најмногу ми недостига собирање на големо друштво, најголем дел од друштвото ми е во Србија, тоа ми недостига. Не сакам нови пријателства, ги негувам со години, со кого се дружам, на кого имам доверба... Не сум за нови познанства - истакна Сораја.

Извор: www.pulsonline.rs